Исполни желба!

Нова вредносна картичка на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка.

Гифт картичка со која подарувате избор.

Скопје Сити Мол во соработка со Комерцијална банка АД Скопје подготвија одлично изненадување за сите кои сакаат на едноставен и оригинален начин да ги израдуваат најблиските со она што навистина им е потребно.

Новата гифт картичка или вредносна картичка за подарок на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка е првата картичка од ваков вид кај нас. Картичката е наменета за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само во оние соодветно означени продажни места. За почеток, воведени се 3 вида на вредносни картички – со износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари. Истите се за повеќекратна употреба и имаат важност до 6 месеци од моментот на нивно активирање, односно купување. Картичката може да се купи во сите експозитури на Комерцијална банка АД Скопје во Република Македонија.

Вредносната картичка за подарок има повеќе придобивки: таа е несебичен подарок кој овозможува слобода на избор, таа е лесна за употреба и многу посигурна од готовината. Износот може да се троши повеќекратно, а сопственикот може да ја провери состојбата на својата картичка во кое било време преку интернет-сајтот на Комерцијална банка АД Скопје, како и на шалтерите на Банката.

Вашата картичка може да ја искористите во следниве локали во Skopje City Mall

Назив Категорија Кат
Chapter 03 модни додатоци 1 кат
Ted Baker машка / женска мода 1 кат
Bozinovski часовници приземје
Bella женска мода 1 кат
Sport Reality Спортска опрема 2 кат
Hugo Boss машка мода приземје
Sport M – Adidas Спортска опрема 2 кат
Neptun техника и телекомуникации  2 кат
Kares On the Go За дома 2 кат
Literatura.mk книжарница и кафе-бар 2 кат
Magnetik Gallery женска мода 1 кат
City Fashion Women женска мода 1 кат
Paul&Shark машка мода 1 кат
Oltre женска мода 1 кат
Tommy Hilfiger машка / женска мода 1 кат
SuperDry машка / женска мода 1 кат
GUESS машка / женска мода Приземје
Levi’s машка / женска мода приземје
Cineplexx кино 2 кат
Lapin House детска облека 2 кат
Okaidi детска облека 2 кат
Original Marines детска облека 2 кат
Women Secret долна облека приземје
Zeiss Monokl оптика 1 кат
Mango женска мода приземје
Tedi цвеќара приземје
Kares за дома приземје
Replay машка / женска мода приземје
DM DROGERIE здравје и убавина приземје
Yves Rocher здравје и убавина приземје
Крш играчки 2 кат
     
Lush козметика приземје
Fashion & Friends машка / женска мода 1 кат
LTB машка / женска мода 1 кат
Timberland машка / женска мода приземје
Springfield машка / женска мода 1 кат
5 star store Polo, Gant, Ralph lauren машка мода 1 кат
Calvin Klein & Lacoste машка мода 1 кат
City Fashion машка мода 1 кат
Bitsiani машка мода 1 кат
     
     
MYTIME модни додатоци приземје
Carpisa модни додатоци 1 кат
Swarovski модни додатоци приземје
Parfois модни додатоци приземје
Oxette модни додатоци приземје
Office Shoes обувки приземје
Peko обувки 1 кат
Skechers обувки 2 кат
Geox обувки приземје
Arthur’s Converse обувки 1 кат
Adam’s shoes обувки 1 кат
Trend ресторани и барови приземје
Просветно дело специјализирани 2 кат
Marfi Macarons француски колачи приземје
Sport Vision Спортска опрема 2 кат
Sport Vision Kids Спортска опрема 2 кат
Nike Shop Спортска опрема 2 кат
Buzz Спортска опрема 2 кат
iSTYLE | Apple Premium Reseller техника и телекомуникации приземје
Balon Magija украсни балони 2 кат
     
     
     
     

Често поставувани прашања

Вредносната картичка за подарок претставува ограничен паричен еквивалент, кој Банката го издава како алтернатива на директен паричен подарок, употреблив исклучиво во продавниците во Скопје Сити Мол. Ваквиот вид на картичка е пракса во сите поголеми трговски центри во светот, а сега, за прв пат и во Република Македонија.

Со едноставното купување на картичката, го избегнувате моментот на бесцелно талкање по продавници во потрага по совршени подарок. Таа е идеален подарок наменет за секого и за секоја пригода , особено  како новогодишен подарок, подарок за роденден, свадба, деловно внимание, но и одличен начин за изненадување без посебен повод.

Картичката е со привлечен дизајн, прекрасно пакување и можност за уникатна посвета, Вашиот подарок никогаш нема да разочара и ќе ги освои срцата на Вашите сакани.

Картичката е наменета за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само во оние соодветно означени продажни места.

Со самото купување на Гифт-картичката, од експозитурите или филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, таа е активна. Износот на картичката може да се искористи  во продажни места во Скопје Сити Мол, во рок од 6 месеци од нејзината набавка.

Состојбата на Вашата Гифт-картичка можете да ја следите преку веб страницата на Комерцијална банка АД Скопје, преку следниов линк или на сите шалтери на Комерцијална банка АД Скопје.

Картичката е достапна во сите експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје.

Гифт-каричката може да ја користи секој, независно од возраста или статусот. Таа е неперсонализирана, односно на неа нема име и презиме и ја користи лицето кое ја поседува.

Како купувач на Гифт-картичката, Вие немате никакви дополнителни трошоци, не се наплатува надоместок или провизија за нејзино купување. Таа е достапна во износи од 1000, 3000 или 5000 деанари на Гифт-картичката, и тој износ Ви го наплаќаме.

Вашата Гифт-картичка можете, да ја искористите во продажни места во Скопје Сити Мол, повеќекратно во рок од 6 месеци.

Гифт-картичката не се надополнува, затоа што таа е активна 6 месеци: Доколку сакате да продолжите да ја користите, можете да си набавите нова без надоместоци и трошоци во експозитурите или филијалите на Комерцијална банка АД Скопје.

Имајќи предвид дека Гифт-каричката е неперсонализирана, односно на неа нема име и презиме и ја користи лицето кое ја поседува. Затоа мора да бидете внимателни бидејќи губењето на картичката, значи губење на остатокот од средствата кој се наоѓаат на истата.