
Деновите околу новогодишните празници се највозбудливиот период за децата, но и за возрасните, денови кога сите веруваме во мали чуда, слатки изненадувања и по малку магија. Затоа Skopje City Mall ја заокружува 2017-та со Магична сказна која ќе трае до 9 јануари 2018 година. Во рамки на овој настан се организираат многу интерактивни содржини, креативни работилници, можност за интересно фотографирање во духот на новогодишните празници и многу други забавни содржини.
За време на викендите ќе се организираат театарски претстави, како „Новогодишна Дизни бајка”, „Дедо Мраз и волшебната шума”, „Снежната кралица”, „Новогодишни волшепства” и многу други. Дедо Мраз ќе ги раскажува своите најинтересни приказни секој петок, сабота и недела, на вториот кат во Skopje City Mall. Ќе има и музички матинеа, и тоа: Волшебен саксофон, Распеаниот Дедо Мраз, Фалсето детски хор, Дизни класици, Магичната харфа, Пијано и виолина, покрај елката на влез Манапо и во одделот за храна на 2ри кат.
Како настан кој е создаден за најмладите, во рамки на Магичната сказна ќе им биде дадена можност на дечињата да ја покажат својата креативност и способности, па така и за време на Магичната сказна ќе се одржува Фимо работилницата на Дедо Мраз. Малите посетители ќе можат заедно со Дедо Мраз да креираат и да се забавуваат.
На 15.12.2017 единствена и уникатна можност имаа посетителите на Скопје Сити Мол да видат како изгледа палењето на светилките од Новогодишната елка.
Шоуто започна со мјузикл изведен од групата Триангл, Џон Илија Апелгрин и Теа Трајковска, посетителите уживаа во празничната магија и атмосфера која се создава.
Елката која е единствена по својата убавина е висока 15 метри, накитена е со голем број на лампиони и светилки. Секоја посетител може да ја погледне на влезот од страната на Карпош 3.
Овој период од годината сите ја чувствуваме еуфоријата на Новата година и божиќните празници и се радуваме на магијата на светилките и украсите.
Скопје Сити Мол нуди една волшебна атмосфера за сите посетители кои ќе уживаат во пазарењето кое во овој месец е најактуелно, и ја заокружи успешната година со уште еден во низата настани. Од минатиот викенд започна „Магична Сказна“ – програма која ќе трае до 9ти јануари и ќе биде сочинета од интересни забавни, анимациски и музички содржини за сите возрасти, богата програма за деца, креативни работилници и претстави надополено со омилените Новогодишни попусти.
Уживајте во деновите кои следат.
Работно време за празниците