Кариера
КАРИЕРА
Skopje City Mall го менаџира современа, независена и пазарно ориентирана компанија која посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, третирајќи ги како еден од најзначајните фактори.
Инвестирање во човечките ресурси, вложување во тимска работа и стручна едукација во насока на нивен континуиран развој и унапредување на кариерата, претставува клучен приоритет.
Затоа, доколку сакате да станете дел од тимот на Skopje City Mall, а воедно сте подготвени за динамичка работа во креативна атмосфера, ја очекуваме Вашата апликација за работа.
Сите апликации се регистрираат во нашата база на заинтересирани потенцијални вработени и, согласно нашите потреби од конкретен профил, истите ќе бидат поканети на интервју.
Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите нa Skopje City Mall, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на селекција на кадри. Skopje City Mall гарантира дека освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Сите апликации за вработување кои ќе стигнат во Skopje City Mall на друг начин, а немаат изјава/согласност за обработка на личните податоци од апликантот, нема да се разгледуваат и ќе бидат избришани или уништени.