Политика за приватност и колачиња
Оваа политика за приватност го уредува начинот на кој Друштвото за трговија и услуги СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје, Љубљанска – СИТИ МОЛ 4/3, Скопје, Карпош, Република Северна Македонија Телефон: +389 2 3253-990 (во понатамошниот текст “Контролор/от” или “СЦМ РЕТАИЛ”) ги собира, користи и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму “Вие”односно “Субјекти/те”) при посета на интернет страницата www.skopjecitymall.mk , (понатаму: “Интернет страница/та”), односно го уредува начинот на кој Контролорот ги обработува личните податоци при давањето на услуги или вршење на деловните активности во своето тековно работење. Во секој случај, Контролорот го почитува Вашето право на приватност односно заштита на личните податоци и ги обработува истите во согласност со Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.42/2020 и 294/2021).
Со самиот пристап на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека сте согласни со условите на Политиката за приватност и колачиња.
Контакт информации за овластеното лице за заштита на личните податоци:
Вашите забелешки, коментари и барања во врска со овој документ Политика за приватност и колачиња во врска со обработката на личните податоци во СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје се добредојдени.
Доколку имате прашања Ве молиме обратете се на е-пошта на нашиот Офицер за заштита на личните податоци: dpo@skopjecitymall.mk
Како ги собираме и обработуваме Вашите лични податоци?
СЦМ РЕТАИЛ ги обработува личните податоци кои ги добива директно и единствено од Вас како субјекти на лични податоци и тоа при користење на нашата веб страница www.skopjecitymall.mk, преку користење на нашите службени емаил адреси,преку телефонски повици од ваша страна, преку користење на апликацијата My City Mall, преку користење на редовна пошта и слично.Вашите податоци нема да бидат обработувани за ниту едена друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат рачно и/или електронски, исклучиво од страна на лица вработени/ангажирани од Контролорот кои се авторизирани и овластени да ги обработуваат со почитување на начелата на обработка на личните податоци согласно со Законот за заштита на личните податоци преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајноста и заштита при обработката.
Дополнително, СЦМ РЕТАИЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци како и податоци што не се лични, а се чуваат од наша страна.
Давање на користење и пренос на вашите податоци
Вашите лични податоци можеме да ги дадеме на користење само доколку сме добиле Ваша согласност за истото или онаму каде што е разумно неопходно согласно нашиот легитимен интерес за остварување на некоја од целите наведени погоре во делот “Како може да ги користиме Вашите лични податоци”.Без Ваша согласност, Вашите лични податоци може да бидат доставени само до надлежни државни органи, согласно со закон предвидена постапка.
Доколку одлучите да ја повлечете согласноста за обработка, Вашите лични податоци ќе бидат избришани,уништени освен личните податоци за кои СЦМ РЕТАИЛ има законска обврска да ги чува во определен рок согласно со позитивните законски прописи.
СЦМ РЕТАИЛ не врши пренос на лични податоци.
Кои лични податоци ги обработуваме?
1.Лични податоци на вработените и ангажираните лица(на основа на законите од областа на работното законодавство).
2.Лични податоци обработени преку системот за видео надзор(на основа на легитимен интерес на Контролорот).
3.Лични податоци за цели на исполнување на договорни услуги со деловни партнери,на пример: адвокати, авторски агенции, надворешна IT подршка, соработници, инфлуенсери и слично(на основа на легитимен интерес на Контролорот.)
4.Лични податоци обработени преку Апликацијата My City Mall (на основа на согласност од субјектите).
5.Лични податоци обработени преку користење на социјални мрежи Фејсбук,Инстаграм и Линкедин(на основа на согласност од субјектите).
6.При посетата на интернет страницата https://www.skopjecitymall.mk/ се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги давате при пишување на Ваш коментар или поставување на прашање. Доколку преземете било кое од погоре наведените дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци само за целите за кои истите ги доставувате.(на основа на легитимен интерес на Контролорот).
7.Лични податоци обработени преку Вашето учествување во наградни и други игри и настани организирани кај Контролорот (на основа на согласност на субјектите).
8.Дополнително, Ве информираме дека нашата интернет страна користи алатка “Колачиња” со која се врши собирање на податоци како што се:
- Името на пребарувачот на интернет,
- Типот на уредот(компјутерот,лап топ,таблет и слично)
- Технички информации за конекцијата што ја користите при посета на интернет страната како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата,
- IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисни
Собирањето и обработката на овие податоци се врши со Ваша согласност и прифаќање на нашата алатка за “Колачиња”.
Кога ќе дојдете на нашата веб-страница, трети страни/лица авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за Вас и за начинот на кој ја користите нашата страна https://www.skopjecitymall.mk/
Што се колачиња и како ги обработуваме?
Колачињата се текстуални датотеки што содржат малку податоци кои се симнуваат на вашиот уред кога посетувате некоја веб-страница. Колачињата потоа се испраќаат назад до веб-страницата од која водат потекло при секоја ваша последователна посета, или се испраќаат на друга веб-страница која го познава тоа колаче. Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата страна, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Кога прв пат ќе пристапите на страната на СЦМ РЕТАИЛ, ќе добиете порака која ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии.
Колачињата им овозможуваат на нашите системи да го препознаат уредот на корисникот и да ги направат сите претходни подесувања веднаш достапни.
Штом корисникот пристапи на платформата, колачето автоматски ќе се испрати на хард дискот на уредот на соодветниот корисник.
Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат затоа што:
• И дозволуваат на нашата веб-страна да го препознае Вашиот уред и да ја насочи прикажаната содржина соодветно на вашиот интерес односно преференци;
• Помагаат да ја подобриме нашата веб-страница, да ви понудиме подобра услуга, која е прилагодена на Вашите барања.
• Ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот уред кога ќе се вратите на нашата веб-страна.
•Чуваат податоци за вашите омилиени активности на веб-страницата, со што ни овозможуваат да ја прилагодиме нашата веб-страница на вашите индивидуални интереси. Онаму каде што ни е дозволено, ова може, на пример, да вклучува рекламирање според вашите лични интереси и да ја забрза стапката според која може да се справуваме со вашите прашања.
Со користење на нашата веб-страница вие се согласувате дека, ние можеме да ги поставиме видовите колачиња на вашиот уред и да ги употребуваме тие податоци во согласност со оваа политика, се разбира, освен ако не сте го поставиле прелистувачот на вашиот уред да ги отфрли.
Типови колачиња
Постојат два типа на колачиња – “директни колачиња” и “индиректни колачиња”. Директните колачиња (first party cookies) се колачиња кои директно ги користи администраторот на веб-страницата на вашиот уред и често се користат за препознавање на вашиот уред кога повторно ја посетувате веб-страницата и ги помни вашите подесувања додека сте пребарувале на страницата. Во принцип, колачињата кои ние ги користиме се од овој тип.
Индиректните колачиња (third-party cookies) се колачиња кои ги користи некој давател на услуги во име на операторот на веб-страницата и може да се користат од страна на давателот на услуги за препознавање на вашиот уред кога посетувате и други веб-страници. Индиректните колачиња најчесто се користат за аналитика на веб-страници или рекламни цели.
Колачиња што ние ги употребуваме
Нашата веб-страна ги користи следните колачиња:
• Податоците кои се внесуваат во полињата (име, презиме, е-маил ..) за внес кога испраќате некој коментар или не контактирате преку нашата форма за контакт,
• Податоци за времето, вашето корисничко име, веб прелистувачот и поставките кои ги користите при најава доколку имате пристап до административниот панел.
Ние не можеме да го регулираме собирањето на индиректните колачиња. Посетете ја веб-страницата на релевантните даватели на услуги ако сакате да дознаете повеќе за овие колачиња и за што се користат истите.
Ако не сакате да користите колачиња, можете да го поставите вашиот прелистувач да не ги складира колачињата.
Ако сакате да ги прифатите само нашите колачиња, но не и колачињата на нашите даватели на услуги и партнери, изберете “блокирај индиректни колачиња” (do not allow third-party cookies) или слични поставувања во вашиот прелистувач.
Промена на преференциите за вашите колачиња
Повеќето веб прелистувачи овозможуваат некаква контрола над колачињата преку поставките на прелистувачот (на пример, известувања за нови колачиња, оневозможување на колачиња и бришење на колачиња. За тоа можете да дознаете повеќе на: www.allaboutcookies.org
Како може да ги користиме Вашите податоци?
Вашите лични податоци можеме да ги користиме за следните цели:
- Обработка, администрирање и подобрување како на нашата веб-страница така и на сите наши деловни активности и процеси и други аспекти на начинот на кој ги спроведуваме нашите операции како СЦМ РЕТАИЛ;
- За управување, развивање и унапредување на нашето работење и особено нашиот однос со организацијата што ја претставувате (доколку претставувате таква) и трансакциите поврзани со ова; и
- За заштита на нашиот бизнис од измама, перење пари, прекршување на довербата, сајбер-напад, кражба на патентирани материјали и други финансиски или деловни криминали.
- Да одговориме на прашања во врска со нашите производи или услуги;
- Да Ви испраќаме маркетинг пораки доколку со закон ни е дозволено тоа,или имаме Ваша согласност;
- Персонализирање на Вашето искуство на нашата интернет-страница;
- Следење и/или анализа на Вашата употреба на нашата интернет-страница и онлајн услуги;
- Управување и заштита на нашиот бизнис и заштита на интернет-страницата;
- Исполнување на законските обврски кои се однесуваат на Друштвото СЦМ РЕТАИЛ како Контролор или кога тоа е побарано од страна на јавен/државен орган.
Доколку настане промена кај некој од Вашите лични податоци, Ве молиме контактирајте не. Ние исто така може да Ве контактираме за да провериме дали личните податоци што ги чуваме за Вас се точни и ажурирани.
Профилирање
СЦМ РЕТАИЛ не врши профилирање на субјекти на лични податоци за какви било цели.
Директен маркетинг
СЦМ РЕТАИЛ може да врши директен маркетинг единствено по претходна согласност од лицата субјекти на лични податоци.
Вашите права за заштита на личните податоци
Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци на dpo@skopjecitymall.mk или до надлежниот државен орган, односно регулаторно тело на info@privacy.mk Во продолжение ќе ги најдете основните односно базичните информации во врска со споменатите права:
1.Право на пристап
Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.
2.Право на исправка
Имате право да побарате од нас да ги исправиме личните податоци што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.
3.Право на бришење(право да се биде заборавен)
Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.
4.Право на ограничување на обработката
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.
5.Право да се спротивставувате(барање да се прекине целосно со обработката) на обработката
Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.
6.Право на преносливост на податоци
Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација(контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на ваша согласност, или во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.
7.Право да се жалите (Право на приговор)
Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на dpo@skopjecitymall.mk и ние ќе одговориме.
Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk
Од Вас нема да се бара да платите никаква такса,односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности поврзани со фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани.Во врска со напред наведеното предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци.За остварување на Вашите права,согласно законот имаме рок од 30 дена за одговор.
Постапување во случај на инцидент/неовластено откривање/загуба на лични податоци
Во случај на сигурносен инцидент, откривање или загуба на лични податоци, доколку СЦМ РЕТАИЛ располага со контакт податоци, ги известува засегнатите субјекти на лични податоци за настанатиот инцидент, а доколку се работи за инцидент од поголеми размери, СЦМ РЕТАИЛ за тоа известува преку јавно соопштение или преку соодветна објава на својот веб-сајт, не подоцна од 72 часа од сознанието за настанатиот инцидент.
Заштита на личните податоци при користење на Facebook
На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.
Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.
Заштита на личните податоци при користење на Instagram
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите социјални мрежи.
Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.
Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.
Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:
https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.
Заштита на личните податоци при користење на Linkedin
Нашата веб страница користи одредени додатоци од други провајдери, вклучувајќи го и Линкедин како социјална мрежа/медиум. LinkedIn дејствува како платформа за размена на знаења, каде што поединците ги споделуваат своите искуства и сознанија, а со тоа се поттикнуваат разговори за конкретни теми околу кои се поврзани врските и познанците. За оваа цел, провајдерот Linkedin користи колачиња кои можете да ги откажете во вашиот прелистувач. Политиките за користење на овие додатоци се дефинирани од безбедносните политики на секој давател на услуги и се достапни на линкот https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy
Линкедин работи во согласност со нивните услови за користење и политики кои ја дефинираат употребата на лични информации на нивните корисници. Ги потсетуваме корисниците дека се сами одговорни за сите изданија на социјалните мрежи/медиуми.
СЦМ РЕТАИЛ не презема одговорност за активностите на социјалните мрежи/медиуми.
Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics
На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.
Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.
Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.
Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:
https://policies.google.com/privacy?hl=en и
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/
Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.
Завршни одредби
Сите измени што ќе ги направиме на оваа Политика за приватност ќе бидат објавени на нашата веб-страница (https://www.skopjecitymall.mk/) или ќе Ви бидат достапни доколку не контактирате/поставите прашање по електронска пошта на:dpo@skopjecitymall.mk
или на адреса: СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Љубљанска – СИТИ МОЛ 4/3, Скопје, Карпош, Република Северна Македонија Телефон: +389 2 3253-990
Измените на Политиката за приватност и колачиња влегуваат во сила од датумот на нивното објавување. Токму поради тоа Ве молиме периодично да ја прегледувате Политиката за приватност и колачиња и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Сметаме дека со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите на изменетата Политика за приватност. Датум на објава на последна измена на Политика на приватност и колачиња: 02.09.2024 година