Како до нас

Почетна / Како до нас

Skopje City Mall се наоѓа на само 3 км од центарот на градот помеѓу двете главни сообраќајни артерии, Булевар Партизански Одреди и Булевар Илинденска, кои директно се поврзани со магистралата за Косово.

Извонредната локација во доста елитниот и густо населен дел од градот е на само 5 минути со автомобил од центарот и има зона на гравитирање од 1 милион луѓе. Локацијата има одлична видливост и фронтална поставеност, и достапна е со автомобил од сите правци. На главните улици сообраќаат 16 автобуски линии.

За да стигнете до Skopje City Mall од Рекорд (Центар):

  1. Патувањето започнува од ул. Вељко Влаховиќ (автобуска постројка – Рекорд), општина Центар
  2. Движете се кон запад до следната раскрсница и свртете десно кон ул. Даме Груев
  3. На следните семафори, завртете лево и движете се по Бул. Партизански одреди
  4. Движете се само право по Бул. Партизански одреди во следните 3.2 км.
  5. На крстосницата во населбата Карпош IV, свртете десно по Ул. Љубљанска
  6. Пристигнавте пред влезот за паркинг во Skopje City Mall (од десна страна).

За да пристигнете до Skopje City Mall од западниот влез на градот (од страната на Куманово):

  1. Поминувате покрај хотел Бест Вестерн (хотел Белви) кој ќе го забележите од Вашата десна страна и продолжувате право кон влезот на Скопјe
  2. Откако ќе влезете во градот Скопје, продолжувате право кон Бул. Никола Карев (должина од околу 8 км.)
  3. На семафорите пред Скопскиот Аквадукт, завртете лево (кон југо-запад)
  4. На следните семафори, продолжувате право (кон југ) по Бул. 8-ми Септември (спортската сала Борис Трајковски и базенот Карпош ќе бидат од вашата десна страна)
  5. На следната раскрсница, пред семафорите, свретете десно и продолжете право кон Бул. Илинден
  6. Откако започнавте да возите по Бул. Илинден, по 1,2 км. свртете лево по Ул. Љубљанска.
  7. По поминати 350 метри, пристигнувате пред паркинг во Skopje City Mall (од вашата лева страна).

За да пристигнете до Skopje City Mall од западниот влез на градот (од страната на Тетово):

  1. Движејќи се по автопатот E-65, свртете десно за да влезете во Скопје
  2. Продолжувате право кон населбата Ѓорче Петров со должина од околу 20 км. и поминувате право низ кружниот тек за да завртите лево на следните семафори
  3. На следната раскрсница, пред семафорите, завртете десно кон Бул. Партизански одреди и продолжете право
  4. На раскрсницата во Карпош IV, завртете лево на семафорите по Ул. Љубљанска
  5. Пристигнувате пред паркинг во Skopje City Mall.

За да пристигнете до Skopje City Mall од северо-западниот влез на градот (од страната на границата со Косово):

  1. По влезот во Р. Македонија продолжувате право по магистралата М3 со должина од околу 20 км.
  2. Свртете десно пред семафорите кај Скопскиот Аквадукт
  3. На следните семафори, продолжувате право (кон југ) по Бул. 8-ми Септември (спортската сала Борис Трајковски и базенот Карпош ќе бидат од вашата десна страна)
  4. На следната раскрсница, пред семафорите, свретете десно и продолжете право кон Бул. Илинден
  5. Откако започнавте да возите по Бул. Илинден, по 1,2 км. свртете лево по Ул. Љубљанска.
  6. По поминати 350 метри, пристигнувате пред бесплатниот паркинг во Skopje City Mall (од вашата лева страна).

Доколку патувате со автобус од ЈСП – Скопје, ова се автобуските линии кои ќе ве одведат до Skopje City Mall:

2 – Сарај-Автокоманда

2A – Сарај-Автокоманда

4 – Хром – нас. 11-ти Октомври

7 – бул.Трета Македонска бригада” – бул.”Партизански одреди”

12 – Сарај-Автокоманда

19 – Ш. Оризари – Карпош IV

15 – Н. Лисиче – Карпош IV

24 – К. Вода – Тафталиџе

22 – Тр. Центар – Волково

22А – Тр. Центар – Волково

Translate in English»