Како до нас
Skopje City Mall се наоѓа на само 3 км од центарот на градот помеѓу двете главни сообраќајни артерии, Булевар Партизански Одреди и Булевар Илинденска, кои директно се поврзани со магистралата за Косово.
Извонредната локација во доста елитниот и густо населен дел од градот е на само 5 минути со автомобил од центарот и има зона на гравитирање од 1 милион луѓе. Локацијата има одлична видливост и фронтална поставеност, и достапна е со автомобил од сите правци. На главните улици сообраќаат 16 автобуски линии.
За да стигнете до Skopje City Mall од Рекорд (Центар):
- Патувањето започнува од ул. Вељко Влаховиќ (автобуска постројка – Рекорд), општина Центар
- Движете се кон запад до следната раскрсница и свртете десно кон ул. Даме Груев
- На следните семафори, завртете лево и движете се по Бул. Партизански одреди
- Движете се само право по Бул. Партизански одреди во следните 3.2 км.
- На крстосницата во населбата Карпош IV, свртете десно по Ул. Љубљанска
- Пристигнавте пред влезот за паркинг во Skopje City Mall (од десна страна).
За да пристигнете до Skopje City Mall од западниот влез на градот (од страната на Куманово):
- Поминувате покрај хотел Бест Вестерн (хотел Белви) кој ќе го забележите од Вашата десна страна и продолжувате право кон влезот на Скопјe
- Откако ќе влезете во градот Скопје, продолжувате право кон Бул. Никола Карев (должина од околу 8 км.)
- На семафорите пред Скопскиот Аквадукт, завртете лево (кон југо-запад)
- На следните семафори, продолжувате право (кон југ) по Бул. 8-ми Септември (спортската сала Борис Трајковски и базенот Карпош ќе бидат од вашата десна страна)
- На следната раскрсница, пред семафорите, свретете десно и продолжете право кон Бул. Илинден
- Откако започнавте да возите по Бул. Илинден, по 1,2 км. свртете лево по Ул. Љубљанска.
- По поминати 350 метри, пристигнувате пред паркинг во Skopje City Mall (од вашата лева страна).
За да пристигнете до Skopje City Mall од западниот влез на градот (од страната на Тетово):
- Движејќи се по автопатот E-65, свртете десно за да влезете во Скопје
- Продолжувате право кон населбата Ѓорче Петров со должина од околу 20 км. и поминувате право низ кружниот тек за да завртите лево на следните семафори
- На следната раскрсница, пред семафорите, завртете десно кон Бул. Партизански одреди и продолжете право
- На раскрсницата во Карпош IV, завртете лево на семафорите по Ул. Љубљанска
- Пристигнувате пред паркинг во Skopje City Mall.
За да пристигнете до Skopje City Mall од северо-западниот влез на градот (од страната на границата со Косово):
- По влезот во Р. Македонија продолжувате право по магистралата М3 со должина од околу 20 км.
- Свртете десно пред семафорите кај Скопскиот Аквадукт
- На следните семафори, продолжувате право (кон југ) по Бул. 8-ми Септември (спортската сала Борис Трајковски и базенот Карпош ќе бидат од вашата десна страна)
- На следната раскрсница, пред семафорите, свретете десно и продолжете право кон Бул. Илинден
- Откако започнавте да возите по Бул. Илинден, по 1,2 км. свртете лево по Ул. Љубљанска.
- По поминати 350 метри, пристигнувате пред бесплатниот паркинг во Skopje City Mall (од вашата лева страна).
Доколку патувате со автобус од ЈСП – Скопје, ова се автобуските линии кои ќе ве одведат до Skopje City Mall:
2 – Сарај-Автокоманда
2A – Сарај-Автокоманда
4 – Хром – нас. 11-ти Октомври
7 – бул.Трета Македонска бригада” – бул.”Партизански одреди”
12 – Сарај-Автокоманда
19 – Ш. Оризари – Карпош IV
15 – Н. Лисиче – Карпош IV
24 – К. Вода – Тафталиџе
22 – Тр. Центар – Волково
22А – Тр. Центар – Волково
