Исполни желба!

Вредносна картичка на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка.

Гифт картичка со која подарувате избор.

Скопје Сити Мол во соработка со Комерцијална банка подготвија одлично изненадување за сите кои сакаат на едноставен и оригинален начин да ги израдуваат најблиските со она што навистина им е потребно.

Подарок-картичките на Скопје Сити Мол и Комерцијална банка се наменети за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само во соодветно означените продажни места. Подарок-картичките се со износи од 1.000, 3.000 и 5.000 денари. Истите се за повеќекратна употреба и имаат важност до 6 месеци од моментот на нивно активирање, односно купување. Картичката може да се купи во сите експозитури и филијали на Комерцијална банка во Република Македонија.

Вредносната картичка за подарок има повеќе придобивки: таа е несебичен подарок кој овозможува слобода на избор, таа е лесна за употреба и многу посигурна од готовината. Износот може да се троши повеќекратно, а состојбата на својата картичка можете да ја проверите во кое било време преку веб-страницата на Комерцијална банка, како и на шалтерите на Банката.

Со едноставното купување на картичката, го избегнувате моментот на бесцелно талкање по продавници во потрага по совршениот подарок. Со неа добивате можност да ги исполните желбите на вашите најблиски, пријателите, соработниците. Таа е идеален подарок наменет за секого и за секоја прилика, особено погоден како новогодишен подарок, подарок за роденден, свадба, деловна пригода, но и одличен начин за изненадување без посебен повод.

Подарок-картичката претставува ограничен паричен еквивалент кој Банката го издава како алтернатива на директен паричен подарок употреблив исклучиво во продавниците во Скопје Сити Мол.

Повеќе информации околу картичката можете да прочитате на веб-страниците на Скопје Сити Мол и на Комерцијална банка или можете директно да се обратите во експозитурите и филијалите на Комерцијална банка.

Вашата картичка може да ја искористите во следниве локали во Skopje City Mall

Назив Категорија Кат
Chapter 03 модни додатоци 1 кат
Ted Baker машка / женска мода 1 кат
Bozinovski часовници приземје
Bella женска мода 1 кат
Sport Reality Спортска опрема 2 кат
Hugo Boss машка мода приземје
Sport M – Adidas Спортска опрема 2 кат
Neptun техника и телекомуникации  2 кат
Kares On the Go За дома 2 кат
Literatura.mk книжарница и кафе-бар 2 кат
Magnetik Gallery женска мода 1 кат
City Fashion Women женска мода 1 кат
Paul&Shark машка мода 1 кат
Oltre женска мода 1 кат
Tommy Hilfiger машка / женска мода 1 кат
SuperDry машка / женска мода 1 кат
GUESS машка / женска мода Приземје
Levi’s машка / женска мода приземје
Cineplexx кино 2 кат
Lapin House детска облека 2 кат
Okaidi детска облека 2 кат
Original Marines детска облека 2 кат
Women Secret долна облека приземје
Zeiss Monokl оптика 1 кат
Mango женска мода приземје
Tedi цвеќара приземје
Kares за дома приземје
Replay машка / женска мода приземје
DM DROGERIE здравје и убавина приземје
Yves Rocher здравје и убавина приземје
Крш играчки 2 кат
     
Lush козметика приземје
Fashion & Friends машка / женска мода 1 кат
Timberland машка / женска мода приземје
Springfield машка / женска мода 1 кат
5 star store Polo, Gant, Ralph lauren машка мода 1 кат
Calvin Klein & Lacoste машка мода 1 кат
City Fashion машка мода 1 кат
Bitsiani машка мода 1 кат
MYTIME модни додатоци приземје
Carpisa модни додатоци 1 кат
Swarovski модни додатоци приземје
Parfois модни додатоци приземје
Oxette модни додатоци приземје
Office Shoes обувки приземје
Peko обувки 1 кат
Skechers обувки 2 кат
Geox обувки приземје
Arthur’s Converse обувки 1 кат
Adam’s shoes обувки 1 кат
Trend ресторани и барови приземје
Просветно дело специјализирани 2 кат
Marfi Macarons француски колачи приземје
Sport Vision Спортска опрема 2 кат
Sport Vision Kids Спортска опрема 2 кат
Nike Shop Спортска опрема 2 кат
Buzz Спортска опрема 2 кат
iSTYLE | Apple Premium Reseller техника и телекомуникации приземје
Balon Magija украсни балони 2 кат
     

Често поставувани прашања

Вредносната картичка за подарок претставува ограничен паричен еквивалент, кој Банката го издава како алтернатива на директен паричен подарок, употреблив исклучиво во продавниците во Скопје Сити Мол. Ваквиот вид на картичка е пракса во сите поголеми трговски центри во светот.

Со едноставното купување на картичката, го избегнувате моментот на бесцелно талкање по продавници во потрага по совршени подарок. Таа е идеален подарок наменет за секого и за секоја пригода , особено како новогодишен подарок, подарок за роденден, свадба, деловно внимание, но и одличен начин за изненадување без посебен повод.

Картичката е со привлечен дизајн, прекрасно пакување и со можност за уникатна посвета. Вашиот подарок никогаш нема да разочара и ќе ги освои срцата на Вашите сакани.

Картичката е наменета за купување исклучиво во трговскиот центар Скопје Сити Мол само во оние соодветно означени продажни места.

Гифт-картичката е активна со самото подигнување од експозитурите или филијалите на Комерцијална банка. Износот на картичката може да се искористи во одредени продажни места во Скопје Сити Мол, во рок од 6 месеци од нејзината набавка.

Состојбата на Вашата Гифт-картичка можете да ја следите преку веб страницата на Комерцијална банка, преку следниов линк или на сите шалтери на Банката.

Картичката е достапна во сите експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје.

Гифт-картичката може да ја користи секој. Таа е неперсонализирана, односно на неа нема име и презиме и ја користи лицето кое ја поседува.

Како купувач на Гифт-картичката, Вие немате никакви дополнителни трошоци, не се наплатува дополнителен надоместок или провизија за нејзино купување, освен паричниот еквивалент на картичката кој Ви го наплатуваме. Таа е достапна во износи од 1000, 3000 или 5000 денари.

Вашата Гифт-картичка можете да ја искористите во одредени продажни места во Скопје Сити Мол, повеќекратно во рок од 6 месеци.

Гифт-картичката не се надополнува, и истата е со важност од 6 месеци од нејзината набавка. Нова подарок картичка можете да набавите во експозитурите или филијалите на Комерцијална банка.

Гифт-картичката е неперсонализирана, односно на неа нема име и презиме и ја користи лицето кое ја поседува. Бидете внимателни бидејќи губењето на картичката, значи и губење на остатокот од средствата кои се наоѓаат на истата