ТОМ ТЕЈЛОР започна соработка со модната икона Наоми Кемпбел. Наоми Кемпбел го прикажува идеалниот партнер, со карактеристики како храброст и независност, а воедно и ја поткрепува посилната слика за брендот, која се комуницира во рамки на новата кампања. КАЖИ ДА е нова филозофија која го обединува оптимистичкото и провокативното однесување на брендот кон потрошувачот.
Првата колективна капсулна колекција е веќе достапна во Том Тејлор продавницaтa во Скопје Сити Мол. Гламурозните модни парчиња со акцент на црната и златната боја се одлични за претстојните Новогодишни и Божиќни прослави.
Гламурозниот топ-модел Наоми Кемпбел за соработката изјави: “Воодушевена сум од енергијата и трудот кои тимот на ТОМ ТЕЈЛОР ги вложи изминативе месеци во реориентирање на целата компанија. ТОМ ТЕЈЛОР е еден од најпознатите Германски модни брендови и ги обожавам нивните колекции. Мојот стајлинг е дозволено да биде погламурозен и предизвикувачки, и ова се обидов да го претопам во моите дизајни. Многу сум љубопитна каков впечаток ќе остави колекцијата кај потрошувачите и возбудена сум за понатамошната соработка.“
Стилската икона става нов акцент на ТОМ ТЕЈЛОР колекциите и во исто време допринесува за истите со своето искуство во модната индустрија. Преку овие модни парчиња – плод на соработката, ТОМ ТЕЈЛОР е модерен трендсетер со вистинско чувство за мода – тема која ќе добие уште поголема актуелност во предстојната сезона.
“Наоми Кемпбел е идеален бренд амбасадор за новиот ТОМ ТЕЈЛОР. Таа е успешна стилска икона со интернационална препознатливост. Наоми е една од оригиналните Супермодели и со својата активност од раните 1990-ти години е признаен моден инфлуенсер. Знае како да биде провокативна, но истовремено и незавизна и храбра жена. Ова е типот на жена до која сакаме да допреме со новата капсулна колекција – резултат на соработката“ – изјави др. Маик Клејншмидт (Maik Kleinschmidt), Потпретседател на секторот Дигитализација, Том Тејлор, Спортина Груп.
Стилските парчиња плод на соработката помеѓу НАОМИ КЕМПБЕЛ и ТОМ ТЕЈЛОР се достапни во Том Тејлор продавницaтa во #skopjecitymall од Ноември, 2017.