Одлична можност бесплатно и инстантно да ја проверите Вашата дишната функција!
По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ 2017 година, кој оваа година се одбележува под мотото “Многуте лица на хроничната опструктивна белодробна болест“, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија организираат бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.
Прегледите ќе се изведуваат во период од 12 до 14 часот во приземјето пред супер маркетот. Со овој настан треба да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и за нејзино навремено дијагностицирање и лекување. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни. Еден од најголемите ризик-фактори за појава на ХОББ е пушењето.
Skopje City Mall веќе трета година ја поддржува кампањата и ги повикува своите посетители да направат бесплатен преглед