Скопје Сити Мол и ова лето Ве води на најдобриот европски фестивал EXIT (Нови Сад 12-15.07) и на најдобриот македонски фестивал Д Фестивал (Дојран 06-08.07). Интерактивната игра преку која можете да освоите билети е во духот на кампањата “Take a stand“, која е иницирана и поддржана од најголемите европски фестивали и субјекти од музичката индустрија. Кампањата ги охрабрува луѓето да зборуваат, толерираат, почитуваат, да размислуваат отворено, да се солидаризираат и да бидат активни чинители во општеството. Со цел да се создаде движење кое ќе ја поттикнува социјалната кохезија во нашето општество, промовирајќи свест и толеранција, фестивалите се залагаат за мирен дијалог, хуманизам, толеранција и меѓусебно разбирање, за заедно да го направиме светот подобар за секој поединец и за сите нас.
Како да учествувате ?
- Посети го инфопултот на Skopje City Mall;
- На таг-от “I stand for _____“, допиши еден збор со кој ќе искажеш за што заземаш став;
- Фотографирај се заедно со таг-от;
- Фотографијата објавија јавно на Instagram со хаштаг #skopjecitymall и еден* од хаштаговите #ДФестивал или #exit2018
- На 05.07 и 08.07 по случаен избор ќе бидат избрани 13 добитници и ќе бидат јавно објавени на skopjecitymall.mk/takeastand и социјалните мрежи
*Употребете го хаштаг-от на фестивалот за кој сакате да добиете билет/билети
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- На 8 среќни добитници ќе им доделиме по 1 билет за ДФестивал и на 5 среќни добитници по 2 билети за фестивалот EXIT;
- Право на учество имаат полнолетни државјани на Република Македонија;
- Инфопултот на Skopje City Mall работи секој ден од 10ч. до 22ч.;
- Подароците не можат да се заменат или рефундираат;
- Едно лице не може да учествува со повеќе фотографии;
- Профилот на Instagram треба да биде јавен;