Колекција „Минт“ за смели дами
Фустанот од оваа колекција е доволно моќен сам по себе, така што нема да ви бидат потребни дополнителни аксесоари за да останете забележани. Уживајте во претстојниот период во лелеавиот шарм на „Минт“. Уникатно парче облека наменето за оние дами кои сакаат да експериментираат со својот стил и не се плашат од шаренила.
И покрај шарениот дезен и разиграниот изглед, ова парче облека е одличен избор за деловна комбинација, бидејќи сепак зрачи со доволно сериозност и отменост за да ги исполни модните стандарди во деловниот свет.
Втората предлог комбинација од оваа колекција е полежерна.
Изберете бермуди со висок струк во комбинација со туника од природни материјали, вискоза и памук.
Колекција „Анкона“ – панталони и блуза со ист дезен
Колекцијата „Анкона“ нуди интересни комбинации на панталони и блузи со ист дезен кои заеднички изгледаат како комбинезон, и се претстоен тренд за 2020-та година.