Веќе пишувавме за Zara и Bershka кои не маѓепсаа со своите креации и колекции посветени на претстојниот период, односно за Нова Година и Божиќ.
Ако се прашувавте како еден од омилените брендови на жените ширум светот нема колекција за забави која изобилува со модели идеални за сите забави, настани и собири, погрешивте, бидејќи Mango никогаш не разочарува, па така ни овој пат.
Колекцијата наречена A Dazzling Night е многу забавна, колоритна, а во исто време и класична.
Супер cool чевли на потпетици, елегантни фустани, секси корсети, класични костуми, сето ова и многу повеќе можете да најдете во новата колекција на Mango, која во можете да ја разгледате во продавницата на Mango во Скопеје Сити Мол.







