Bershka е еден од оние high street брендови кои нудат многу тренди ткаенини кои се дел од брзата мода. Доколку ја посетите продавницата на Bershka, сигурни сме дека ќе најдете парчиња со кои ќе бидете во чекор со трендовите.
Бидејќи Нова Година и Божиќ брзу се приближуваат, речиси и да нема бренд кој не ја објавил празничната колекција.
Колекциите на празничната сезона се многу забавни, полни со перли, пердуви, мониста…
Во колекцијата на Bershka наречена Going out можете да најдете супер cool фустани, комбинезони, костуми, чевли и аксесоари со кои ќе блеснете на божиќните и Новогодишните забави и божиќни забави.
Бидејќи минатиот Божиќ и Нова Година беа во знакот на пандемијата и карантин, повеќето од нас ја поминаа новогодишната ноќ дома во тренерки и пижами, а оваа Нова година, дефинитивно, фустанот го заслужува главното место во празничниот стил.









