Удобноста е на прво место, а голем плус е тоа што удобноста е популарна овие денови.
Овој тренд беше наметнат во времето на lockdown кога сите бевме во пижами, тренерки и патики, но одличната вест е што продолжи и по пандемијата.
Единственото нешто што се промени е тоа што обичните памучни комплети се заменети со плетени комплети. Подеднакво удобни, но многу поелегантни од обичните памучни тренерки.
Zara
Добрата работа кај плетените комплети е тоа што можете да ги носите за различни пригоди. Со патики се одлични за шетање или дружење по дома, со кул чизми може да се носат во град, а ако ги комбинирате со штикли, може да се носат и на работа.
Zara
Тргнавме во Zara по потрага на најубавите и најудобните плетени комплети кои се идеални за студените зимски денови и многу сме задоволни од резултатите.









