Мала, но симпатична – торбичката во форма на срце од Zara целосно не освои

 
 
   

Животот полека ни се враќа во нормала, па со него почести се долгите и забавни ноќи.

Откако нашите модни парчиња, чевли за танц и чанти собираа прашина скоро две години, време е конечно да ги извадиме од плакарот и да заблескаме во полн сјај.

Но, нормално, не можеме да им одолееме на сите нови убави нешта кои не мамат од продавниците. Дефинитивно една од најголемите слабости на жените се чантите, а ние откривме една од Zara која целосно не воодушеви.

Дури и врапчињата на гранките знаат дека кристалите се голем хит оваа година. Како дел од колекцијата The Love посветена на Денот на вљубените, Zara на своите клиенти им понуди чанта во форма на срце. Перлите однадвор ја красат оваа неодолива чанта, која може да се носи во раката држејќи ја за рачката, а со неа добивате и синџир за да ја носите преку телото.

Чантата во форма на срце е навистина неодолива и како да е создадена за вечерни изглегувања.


 
 
   
Translate in English»