Пандемијата дефинитивно ги промени нашите навики за облекување: се навикнавме на комотна облека. Доказ за тоа е и пролетната колекција на Max Mara која го зема својот облик и став не од канцелариската, туку од работната облека, голем дел од неа е изработен од темен тексас.
Брендот Max Marа е познат по својата фантастична изработка на облека од италијанско производство. Тоа не се смени, но мантилите од кашмир се пократки од вообичаеното, а кашмирските фустани што ги придружуваат се со големи џебови, наместо со стандардната верзија.
Здолништата и панталоните како и горната облека изгледаат повеќе боемски отколку автентично за бредот, топовите се очигледен симбол на трендот и лежернотоста.
Сè на сè, колекцијата има цврсто чувство за шик, добра проценка за сегашниот момент, тексасот се одвојува, посебно со графиката.









