Костими за капење Calzedonia

За летото 2022 година, Calzedonia претстави разновидна колекција во која можете за себе да побарате инспирација за модерен костим за капење. 

Костимите за капење на Calzedonia за лето 2022 се со весели бои и дезени, животински принтови со најразлични детали кои му даваат посебност на костимот за капење.

Едноделните костими за капење и оваа сезона се многубројни, од удобни и практични до заводливи модели.

Претставени се различни модели на дводелни костими за капење кои можете да ги прилагодите на вашиот тип на тело, но и на активностите на плажа. 

Горниот дел на костимот за капење во форма на триаголник веќе некое време е незаменлив во речиси сите колекции, а така е и оваа сезона. Големините на триаголниците варираат, а можат да се најдат и во пуш-ап верзија, но и оние кои не се зајакнати. Овие модели на костими за капење се присутни и во сјајни, силни, но и неутрални бои и со дезени во кои доминираат цветните и животинските принтови.

Бикини “crop top” е одличен избор за жените на кои им е потребна поголема поддршка или се поактивни на плажа. Оваа сезона модерни се вакви горни делови на костимите за капење во силни, но и неутрални бои.


 
 
   
Translate in English»