SUPERDRY: идеален микс на урбан и спортски стил – удобностa e на прво место!

 
 
   

Новата колекција на SUPERDRY зрачи со лого-трендот, пастелни и светли бои кои совршено инкорпорираат различни принтови во својата комбинација на урбан и спортски стил.

Популарниот моден бренд подготви новитети и ја подобри овогодинешната колекција за пролет и лето, па сега има нови дуксери, маици, панталони, јакни и други додатоци како капи, ранци и очила.

Женската колекција е богата со палета на бои, додека модните додатоци со шармантните дезени ја заокружуваат линијата, давајќи и ефективна нота.

Машката колекција е спој на урбана улична облека и спортски стил кој не излегува од мода благодарение на неговиот современ дизајн и незаменлив квалитет.

Во новата колекција Superdry ви нуди нови парчиња облека кои можете да ги носите на сончевите и топли денови …

Колекцијата е многу разновидна и содржи работи кои секому ќе им се допаднат, така што секој ќе може да најде нешто што му одговара. Иако фокусот е на помладите генерации, моделите се така дизајнирани да можат да им се допаднат и на повозрасните и посериозните мажи.

Брендот создаде препознатливи, достапни, висококвалитетни современи производи со автентични, уникатни винтиџ детали, со водечка светска рачно цртана графика приспособена да одговара на различен стил.

Меѓу познатите личности кои се воодушевени од креациите на брендот SUPERDRY се: Idris Elba, David Beckham, Kylie Jenner, Leonardo Di Caprio, Justin Bieber, Kate Winslet и многу други.


 
 
   
Translate in English»