Нема подобро сознание од тоа дека летото е пред прагот. Секој ден сме се поблиску и поблиску до најубавата сезона. Сонцето, морето и плажата се сè што ни треба за да ги наполниме батериите.
Нашата летна униформа е костим за капење кој не го соблекуваме и затоа мора да биде совршен. Мора да ни стои совршено, да биде удобен и убав.
Првата овосезонска колекција на костими за капење за претстојното лето пристигна во Mango. Таа има мноштво од прекрасни костими за капење. Ги издвоивме оние кои најмногу ни се допаѓаат, а целата колекција можете да ја погледнете таму.