Во Zara пристигна колекција посветена на Barbie, која ќе биде апсолутен хит.
Zara x Barbie
Новиот филм за Barbie постигна неверојатна популарност. Иако Barbie е поим за убавина и мода уште од дамно време, естетиката на Barbie донекаде падна во заборав. Но, со објавувањето на новиот филм за Barbie, нејзината модна естетика се врати на голема врата.
Доказ за тоа се high street продавниците каде од ден на ден се појавуваат колекции посветени токму на Barbie, инспирирани од естетиката на оваа култна кукла.
Очекувано, речиси целата колекција е обоена во розовата боја која е заштитен знак на Barbie.