Сезоната на свадби и други веселби сè уште е во полн ек. Ова значи дека и понатаму ни се потребни свечени тоалети за вакви пригоди.
Совршениот фустан за вакви пригоди го најдовме во Zarа. Овој долг, лелеав и многу интересен фустан е идеален за свечени пригоди.
Станува збор за розов сатенски фустан со асиметрично деколте, еден долг ракав и со едно голо рамо.
Она што е посебно кај овој фустан се карнерите кои го красат едниот ракав на овој фустан.





