Mona Fashion е српски бренд познат по многу интересни дизајни кои ги следат светските трендови и одличен квалитет на материјали.
Mona Fashion се етаблираше како еден од најпопуларните брендови на Балканот. Веруваме дека секој кој воопшто ја следи модата е запознаен со работата на Mona Fashion. Освен по одличните “ready to wear” парчиња, Mona веројатно e попозната и по своите чанти. За некои модели на чанти постои дури и листа на чекање.
Неодамна во Белград се одржа модна ревија на која Mona Fashion ги претстави новитетите за есента и зимата која доаѓа. Освен одличната облека и чанти, она што е ново, а што досега не го понудиле се обувките.
Најмногу впечаток ни оставија високите чизми со зашилен горен дел, на тенка потпетица, изработени од кожа со принт од крокодилска кожа. Овој модел на чизми можете да го најдете во неколку бои: црна, кралско сина и кафена.
Покрај овој модел, во новата колекција на Mona може да се најдат и каубојски чизми, мокасини со потпетици и неколку модели на штикли.






