Дури и птиците на гранките знаат дека едни од најпопуларните патики на Adidas се хит оваа сезона. Секако, станува збор за моделот Adidas Samba кои апсолутно сите ги посакуваат во својата гардероба.
Иако можете да ги најдете во сите комбинации на бои, најпопуларни се оние во црно-бела комбинација. Но, нам ни се чини дека тие патики ќе паднат во заборав бидејќи соработката помеѓу Adidas и Wales Bonner ја виде светлината на денот.
Adidas x Wales Bonner
Во фокусот на оваа колекција се најпопуларните патики во сезоната – Adidas Samba кои доаѓаат во четири верзии. Тоа се, леопард, многу популарна бургундска боја, црна и беж.Adidas x Wales Bonner