ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ

 
 
   

🫖 ПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ НА ЧАЈ – АРОМАТИЧНО ПАТУВАЊЕ НИЗ ПРИРОДАТА, ТРАДИЦИЈАТА И ЗДРАВИОТ ЖИВОТ 🫖

Со слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“, од 14 до 16 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи годишниот „Фестивал на чај“. Настанот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција ПРИРОДА“/МРК Дијалог и Скопје Сити Мол.

Во текот на трите фестивалски денови, над 30 учесници ќе ги претстават своите производи – чаеви, ароматични билки, есенцијални масла, природна козметика, сапунчиња, мевлеми, мармалади, намази, колачи од билки и шумски плодови. Посебно внимание ќе биде посветено и на пчелните производи – природен мед и козметика од мед за поздрав живот. Амбиентот на фестивалот ќе биде збогатен со присуство на уметници, кои ќе изложат рачно изработени чајници и филџани, персонализирани аксесоари и уникатни уметнички предмети инспирирани од светот на чајот.

Учесници: Билна аптека „Матија“, ЛАСОИ и ЛаЧа ароматерапи, Билна аптека „Роза Канина“, Ливан Хербал, Китка дарови, Игнеа козметика, ЛаВита Агро, АПИ – природна козметика, Хелт Шоп Македонија, Мое Сапунче, Студио за сапун 23, Мирјана Ангелеска со производи од шумски плодови, Пчеларско здружение – Природен мед, Мед Хепи, Пчеларство ПетроскиВ, Пчеларство Антови, Елена Манчевска со природна козметика и медни мевлеми, Гостилица со природен планински чај, како и Здружението „Моја земја“, кое ќе понуди дегустација на култивиран планински чај и традиционален ритуал „Сучење врвки“.

Во рамките на фестивалот ќе учествуваат и образовните институции Институтот „Конфуциј“ при УКИМ и Ботаничката градина при ПМФ – Скопје, заедно со Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), кои ќе го збогатат настанот со научно-едукативни активности и интерактивни презентации.

Фестивалот на чај ќе биде збогатен со низа попратни настани, работилници и перформанси, кои ќе и дадат посебен шарм на тридневната програма.


 
 
   
Translate in English»