Во чест на Мовембер, месецот посветен на подигање на свеста за машкото здравје, Скопје Сити Мол во соработка со Попај поставува монтажна берберница на главниот влез на молот.
Од 20 до 23 ноември, сите посетители кои ќе направат сметка од над 2.000 денари во продавниците низ молот (освен Телеком, А1, ДМ, Рамстор, Зегин и сите кафулиња и ресторани) ќе имаат можност да ја искористат бесплатната услуга за средување на брада. Со приложување на сметките кај монтажната берберница, се потврдува право на учество.
Работно време на монтажната берберница:
• 20.11: 17:00 – 20:00
• 21.11: 17:00 – 20:00
• 22.11: 12:00 – 16:00
• 23.11: 11:00 – 15:00
Грижата за себе значи и стил кој се забележува. Средувањето на брадата е мал гест со големо влијание за твојот изглед, твоето здравје и твојата самодоверба.
Освежи го својот стил ова Movember, изгледај добро, чувствувај се уште подобро!

