По повод Светскиот ден против пушењето, Скопје Сити Мол во соработка со ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза утре ќе организира бесплатни тестови за сите граѓани.
Од 10ч. до 13ч. часот медицинска екипа на ЈЗУ на приземјето во Скопје Сити Мол ќе ги изведува следните медицински тестови:
- Одредување на присуство на кислород во крвта (изразено како сатурација со кислород во проценти) со помош на апарат- пулсоксиметар,
- Одредување на вредноста на максималниот експираторен проток (индивидуална способност за издишување на што поголема количина на воздух од белите дробови) изразен како ПЕФ со апарат пикфлоуметар.
Сите граѓани најпрво на пултот ќе имаат можност да пополнат прашалник во однос на општи податоци за пушачките навики (стаж, број на дневно испушени цигари, присуство на кашлица и сл), а со помош на медицинските лица ќе ги пополнат и двете листи кои што се однесуваат на пушачите и можноста да пресметаат колкави се нивните трошоци за пушењето и кои се придобивките ако се откажат од пушењето.
Доколку при првото испитување граѓаните добијат вредности поголеми од 7 тогаш ќе им бидат направени и другите наведени испитувања со цел да се добијат сите дополнителни информации за здравјето.