Летото и раната есен се во знакот на свадбените веселби, а за сите гостинки се наметнува само едно прашање: што да се облече?
Но, Zara стави крај на таа мака со одличната понуда на свечени фустани. Во Zara можете да најдете безброј убави фустани, но еден не остави без здив.
Станува збор за миди фустан, изработен од вискоза. Без прерамки со рамно деколте украсен со аплицирани пердуви во иста боја. Бојата на овој фустан е прекрасна, темнозелена нијанса.
Пердувите се ултимативен хит со месеци, а овој фустан е достоен за црвениот тепих.





