Скопје Сити Мол им го разубавува летото на жителите на Скопје и своите посетители со возбудлива музичка програма на отворената летна сцена со осум концертни настапи на современи домашни изведувачи и бендови кои негуваат свој специфичен модерен звук на џез и фанк.

Почнувајќи од 18 јули, секој вторник и четврток во јул и август, од 19:00 до 21:00 часот Скопје Сити Мол ќе биде местото за уживање на музичките сладокусци во Late Matinee (Доцно Матине) на несекојдневната урбана сцена поставена во урбаниот парк пред трговскиот центар. Изборот на програмата и изведувачите на Late Matinee ги отсликува заложбите на Скопје Сити Мол за промовирање на градската модерна културна сцена во која, овој пат, посетителите на трговскиот центар и жителите на Скопје може да уживаат во звуците на настапите на новите, но и веќе познати имиња на македонската музичка сцена кои носат модерен урбан звук, дух и култура.
„Скопје Сити Мол дефинитивно ќе понуди уникатни содржини за летото во градот. Со јунската програма на настапи одбравме да го промовираме модерниот урбан џез и фанк звук на македонските музичари за да ги пресретнеме културните вкусови на граѓаните на Скопје. Планирани се осум настапи на различни бендови, секој вторник и четврток во јуни, а за да биде целосно доживувањето поставивме урбана летна сцена во рамки на урбаниот парк кај ДНК кулата пред трговскиот центар. Веруваме дека со Late Matinee ја збогатуваме културната понуда на градот и дека ќе им го разубавиме јуни на нашите посетители.“ – истакна Дамјан Корубин, Маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Програмата на Late Matinee ја отвора вокалистка и музичарка Мијата која ќе настапи како дел од триото MIYATTA во вторник, 18 јули. По звуците на модерниот џез, во четврток, 20 јули настап на квартет со фанк програма од Полина Тасева. Следете ги профилите на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол за деталните на јулската културна програма на Late Matinee.
Концертните настапи на Late Matinee се на отворена сцена достапни за сите, подарок од Скопје Сити Мол за граѓаните за културно урбано лето..
Бенд | Состав |
MIYATTA 18-ти (вторник) | Вокал Мијата гитара и бас гитара |
POLINA acoustic 20-ти (четврток) | Вокал Полина Тасева Клавијатура, гитара, бас |
MARKO LOGOUТ 25-ти (вторник) | Марко Миланович |
MusaiQ 27-ти (четврток) | Вокал –Калина Велковска Гитара, бас, добош |
Југобебе 08-ми (вторник) | Вокал Раде Кекеновски Гитара, гитара, бас |
Kristijan & The Good Habits 10-ти (четврток) | Вокал Гитара, бас |
Funkorama 15-ти (вторник) | Вокал Емилија Колоска Гитара, бас, кахон-добош |
Duo Dis & Band 17-ти (четврток) | Вокал Стефани Стефановска-Мурат Гитара-вокал, акустична гитара и ритам гитара, гита |