Дали ја видовте ексклузивната колекцијата на Mango? Ние сме воодушевени …
Mango успеа повторно да не воодушеви. Новата колекција наречена Capsule едноставно ве остава без здив.
Оваа ексклузивна колекција се фокусира на квалитетот на материјалите и производството, на што истакнува и самиот бренд Mango: „со посебно внимание на производство, оваа серија парчиња е со ограничено издание создадена да ви понуди незаборавен изглед за специјални настани“.
Прекрасен дизајн, квалитетни материјали и елеганција се епитетите кои ја красат оваа колекција. За вас ги одбравме моделите кои најмногу ни се допаднаа.








