„Polleo Sport“ НАСКОРО со НОВА најголема фитнес продавница во Skopje City Mall

 
 
   

Во пресрет на претстојната летна сезона Polleo Sport НАСКОРО ја отвора својата најголема продавница во Скопје City Mall. Ново место каде можат да се соберат сите љубители на спортот и здравиот начин на живот.

Како регионален и европски лидер во индустријата за спортска исхрана и фитнес опрема, Polleo Sport расте и се подобрува од ден за ден, за да им го овозможи на своите клиенти најдоброто од палетата на светски брендови.

Во продажните места на Polleo Sport, може да се најде најголем избор на спортска суплементација, био и здрава храна, фитнес опрема – сè на едно место, производи од најдобрите светски производители за суплементација и опрема како Optimum Nutrition, Scitec Nutrition, QNT, My Protein, ME: First, BSN, Garmin, Fitbit, Atleticore, Equa, Reebok, DC Comics, Under Armour, ZOE, TRX… и уште многу други светски брендови.

Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

 


 
 
   
Translate in English»