Skechers x Doja Cat – нова колекција на патики

 
 
   

Музичката супер ѕвезда Doja Cat ја креираше својата прва колекција за Skechers

Светската ѕвезда Doja Cat – која беше најавена како прв уметник на Skechers и го скрши мразот со кампањата Skechers UNO минатата пролет – не само што снимаше нов албум и тргнна на турнеја, туку ја лансираше и својата прва колекција на патики. Како што ја проширува својата соработка со оваа  sвезда со повеќе награди, Skechers е воодушевен да ја претстави новата соработка Skechers x Doja Cat, достапна од 28 септември.

Модерен изглед на класичниот стил е првото нешто што го гледаме на овој модел на патики Doja’Lite, кој се состои од врвна мека кожа, оригинален антилоп и елегантен горен дел со мрежа, како и ѓон во металик мермерна или проѕирна боја.

Овој модел со врвки на врзување Doja’Lite се одликува со врвна лакирана кожа и елегантен горен дел со мрежа, заедно со уникатниот металик мермерен ѓон.

Создаден да го привлече вниманието, моделот Doja’Lite во боја на лаванда е дизајниран со врвна лакирана кожа со текстура на змијска кожа и елегантен мрежест дел, со дебел ѓон, со убаво чувство додека чекорите самоуверено во нив.


 
 
   
Translate in English»