Кога вечерата ќе заврши, но е убава и пријатна вечер, зошто да влезете внатре ако сакате да се дружите уште малку во вашиот двор или балкон? Ако имате слободен надворешен простор, тогаш сте на вистинското место со удобен мебел.
Во JYSK постојат различни типови сетови за двор кои му додаваат нешто различно на вашиот надворешен простор. Можете да изберете помеѓу различни материјали како ратан, полиратан, дрво и железо. Пред да купите, размислите што одговара на вашата градина и на вашиот личен стил и вкус и погледнете ги нашите примери со одлични комплети. Сигурно ќе си најдете ваш омилен.
Сетови за двор од ратан и полиратан
Достапни и во природна и во синтетичка верзија. Доаѓаат во различни бои и даваат грациозен изглед на вашиот двор. Погледнете ги овие два различни сетови во ист амбиент. Размислете за ефектот кој го има изборот на боја и композиција врз целокупниот визуелен изглед. Кој е вашиот фаворит?
Постојат многу стилски комплети за избор, од кои секоја има посебен изглед и удобност. Нашата FALKENBERG е елегантен избор за секоја градина. Допринесува стил и квалтет што не може да се измери со цената.
Сетови за двор од метал и дрво
Изборот на мебел за градина со мешавина од дрво и метал е современа опција што може да создаде модерна и бохо атмосфера на кој било отворен простор. Нашите столици VALLESTRUP изгледаат толку привлечно за да седнете, да се опуштете и да ги фатите сончевите зраци. Можеби ќе уживате и во овие помали и супер лесни столчиња, полни со сеќавања на стилот на мебелот во 1950-тите. Надополнете со мала маса, вештачка кожа од јагне, фенер и пијте го вашиот коктел со стил.
Чувствувајте се како дома во вашата градина
Откако завршивте со преуредување на вашата градина и сакате само да ги испружете нозете, не заборавајте на деталите: Додатоците што даваат атмосфера на вашиот нов омилен простор. Деликатни фенери, стилски жардинери, сад за оган и меки перници кои ќе го трансформираат удобниот двор во уникатно место полно со карактер.
Нa следниот линк може да ги погледнете сите наши производи за двор: