Известување за промена на работно време на Скопје Сити Мол

 
 
   

Почитувани,

Со овој допис Ве известуваме дека официјално е донесена одлука на 04.05.2021 од владата на Република Северна Македонија за намалување на полицискиот час кој ќе започнува од 23:00 часот. Со оваа одлука се менува и работното време на трговскиот центар.

Трговскиот центар ќе работи со стандардното работно време 10:00-22:00 почнувајќи од датум 06.05.2021.

Угостителските објекти кои имаат отворени тераси во склоп на својот локал имаат можност да работат до 22:30 часот.

Како менаџмент на Скопје Сити Мол Ве потсетуваме дека потребно е вашата посета да остане во согласност со мерките за безбедност, кои се препорачни за посета на трговските центри во Република Северна Македонија. Ви препорачуваме и замолуваме да се грижите за вашето здравје, како и за здравјето на тие околу вас со препорачаните заштитни мерки.

Со почит,


 
 
   
Translate in English»