Нe делат само два-три месеци до почетокот на летната сезона, а одлична вест е што веќе пристигнува поубаво и потопло време.
Штом времето се згрее, веднаш помислуваме на сандали со високи потпетици бидејќи убаво ни стојат на нозете и ги прават многу секси.
Mango во новата колекција има супер кул папучи со потпетици во кои ќе бидете супер тренди ова лето.
Имено, станува збор за папучи со висока полна потпетица изработена од тексас, а она што ги прави овие папучи толку посебни е транспарентниот ремен од винил.
Доколку сакате да бидете кул и во склад со трендовите ова лето, тогаш ова се вистинските папучи за вас.




