Младата холивудска ѕвезда креираше колекција за Max Mara

 
 
   

Колекцијата премиерно ќе биде претставена на модната недела во Милано.

Актерката Lucy Hale, позната по улогите во популарната серија „Pretty Little Liars“ и филмовите „The Hating Game“ и „Puppy Love“, го откри својот дизајнерски талент создавајќи капсулна колекција за брендот Weekend Max Mara.

Колекцијата премиерно ќе биде претставена на модната недела во Милано.

Колекцијата „JoyRoad“ вклучува широк спектар на парчиња, од меки кожени јакни до плетени џемпери со цветни апликации. Палетата на бои се потпира на природни тонови, како маслинесто зелена и светло сина, што дополнително ја нагласува инспирацијата од природата. Lucy истакнува дека секое парче од колекцијата е внимателно дизајнирано за да му даде можност на носителот да ја изрази својата индивидуалност и да се чувствува самоуверено.


 
 
   
Translate in English»