CЦМ Ретаил Дооел (“СЦМ Ретаил”) е посветен на високо ниво на интегритет и добро управување во своето целокупно деловно работење со снабдувачите.

1.2. Ние ги прифаќаме овие принципи во сите аспекти на нашиот бизнис и го очекуваме истото од нашите снабдувачи. Очекуваме нашите с набдувачи да се усогласат со сите важечки закони и да се придржуваат до меѓународно признатите човекови права, како и еколошки, социјални и корпоративни стандарди за управување („ESG стандарди„).

ЦЕЛ И ОПСЕГ

2.1. Овој Правилник на однесување на снабдувачот (“Правилник”) ги поставува минималните принципи и очекувања на СЦМ Ретаил на постоечките и новите снабдувачи. Особено, очекуваме нашите снабдувачи да го поддржат и прифатат Правилникот во нивните деловни зделки. Ние исто така очекуваме нашите снабдувачи да ги имплементираат овие стандарди со нивните вработени, добавувачи, изведувачи, даватели на услуги, агенти и/или било кое друго лице или ентитет („Претставници„).

2.2. Корпоративниот интегритет, ESG стандардите и безбедноста и благосостојбата на вработените на нашите снабдувачи се од огромно значење за СЦМ Ретаил. Овие основни принципи се рефлектираат во овој Правилник, кој ги воспоставува минималните стандарди кои мора да бидат исполнети од страна на нашите снабдувачи.