Апликација MojCityMall

 
 
   

Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од отворањето, Скопје Сити Мол лансираше своја апликација – MojCityMall која ги наградува лојалните посетители на трговскиот центар.

Преку апликацијата MojCityMall посетителите на Скопје Сити Мол ги имаат на едно место, во својот паметен уред, сите корисни информации кои се однесуваат на работењето на трговскиот центар, како што се: работното време, локацијата на продавниците, нивните контакт-податоци, вклучувајќи ги и линковите до нивните профили на социјалните мрежи, кино програмата, како и сите новости поврзани со нови продажни акции, промоции, кампањи и настани во рамки на шопинг центарот.

Апликацијата MojCityMall претставува дигитална платформа на лојалност преку која корисниците, со секоја посета на трговскиот центар, добиваат поени кои можат да ги разменат за одредени награди. Првите  поени се добиваат уште при преземањето на апликацијата од Google Play или App Store, а дополнителни поени се добиваат при креирање кориснички профил, за заследување на што поголем број продавници, како и за секоја следна посета на трговскиот центар.

За одредена количина собрани поени, корисникот на апликацијата може да избере некоја од  наградите што ги обезбедува трговскиот центар, а добива и дополнителна можност да користи и различни поволности, попусти, шопинг ваучери, бесплатни производи и услуги, како и друг вид  специјални награди кои ќе ги доделуваат продавниците што се наоѓаат во состав на трговскиот центар.

1. Начин на функционирање на MojCityMall и добивање поени:

Апликацијата претставува платформа на лојалност каде корисникот, продавниците и трговскиот центар имаат бенефит. Корисниците со секоја посета на трговскиот центар преку апликацијата добиваат поени, кои подоцна можат да ги разменат за одредени награди. Дополнително корисникот ги има сите корисни информации на едно место како: последни известувања, работни саати, контакт телефон од продавниците, линкови до нивните профил на социјалните мрежи, емаил адреси, нивните веб сајтови како и сите новости од за нови кампањи, продажни акции, настани, колекции, блог содржини, кино програма итн.. Со оваа платформа целта е да се зголеми бројот на посетители и да зголеми нивната лојалност кон трговскиот центар со почести посети.

Корисникот првите 10 поени ги добива со преземање на апликацијата од google play и App store и зачленување во апликацијата, 10 поени за креирање на детален профил, дополнителни 10 поени за пратење на дваесет продавници, 10 поени со прва посета на трговскиот центар и дополнителни 10 поени за секоја наредна посета. ( со копчето Get Points)

2. Користење на поени

Првата фаза од лансирањето на апликацијата SCM ќе го подржи со доделување на слатко изненадување за 20 поени ( пример доколку корисникот ги направи горенаведени чекори добива 40 поени, од тие поени корисникот ќе може да искористи 20 поени за да добие гратис сладолед. Со собирање на нови поени, корисникот потоа ќе може да ги искористи истите за различни други можни награди како: КФЦ крофни, жетони за флипери, гратис хамбургер, викенд попусти, гратис кафе, сладок подарок од Макарон, шопинг торба, Синеплекс карти, пуканки од кино, специјални попусти и повеќекратно учество за влез за наградната игра на лојалност итн..

Целта на овој проект е да посетителите на Скопје Сити Мол добијат поголема вредност за нивната лојалност кон трговскиот центар со своите посети.

Со почит!

Повелете правила за моменталната игра на лојалност


 
 
   
Translate in English»