Дали сте подготвени и ова лето да уживате во „Лејт матине“ (Late Matinee) во Скопје Сити Мол? Приказната за уникатното музичко доживување продолжува да се испишува на отворената летна сцена кај „Тренд кафе“ од 16 јули до 20 август, секој вторник и четврток од 19:00 до 21:00 часот. Заокружете ги овие два дена на вашите календари и секоја недела ова лето уживајте во миговите исполнети со многу музика, забава и дружења со вашите најблиски.
„Лејт матине“ е настан што го одразува стремежот на Скопје Сити Мол за поддршка и промоција на урбаната културна сцена во градот. Посетителите на трговскиот центар и сите жители на Скопје ќе имаат можност да уживаат во настапите на новите, како и веќе етаблирани имиња на македонската музичка сцена. Програмата опфаќа широк спектар на музички жанрови, вклучувајќи џез, поп-џез, фанк, македонски евергрини и стари македонски песни во нови џез и фанк аранжмани. Секој вечер ќе настапува и солист, нудејќи неповторливо музичко искуство за сите посетители.
Со сите овие настапи на бендовите и исклучителните солисти, секој вторник и четврток, овој јули и август, летната сцена на платото кај „Тренд кафе“ ќе биде место каде што ќе се создаваат нови музички спомени, нови пријателства и незаборавни уживања за различни музички сладокусци. Програмата којашто е подготвена од Скопје Сити Мол ветува дека ова лето ќе биде особено убаво во вторник и четврток за сите посетители.
Цел месец музика, дружења и незаборавна забава, која сигурно ќе ја паметат сите оние што ќе бидат дел од неа. Не дозволувајте да ви раскажуваат!