Летен саем на книгата

 
 
   

📚Драги љубители на пишаниот збор, 📖

Од 15 јуни па сѐ до 20 јуни во организација на Скопје Сити Мол и Македонско асоцијација на издавачите на Македонија ќе се одржи “Летен саем на книгата“, на кој ќе бидат понудени илјадници наслови од различни жанрови и автори.

Традиционално секоја година во пресрет на летото и летните одмори, Скопје Сити Мол ја збогатува својата понуда за посетителите со книги. Овогодинешни учесници на саемот се: Ѓурѓа, Култура АД, Три Издавачки Центар, Арс Ламина, Полица, Антолог, Сакам книги, Едука мак, Топер што гарантира извонреден избор на книги и стручна литература по специјални саемски цени.

Саемот се одржува во приземјето на Скопје Сити Мол, а сите љубители на пишаниот збор може да го посетат секој ден од 10:00 до 22:00 часот.


 
 
   
Translate in English»