Ова лето на плажа ќе носиме костими за капење со животински принт
Естетиката на mob wife е одговорна за враќањето на леопардскиот принт во мода. Тој дефинитивно е моден тренд бр.1 во моментов.
Оваа пролет фармерките со леопард дезен се врвен хит, а не помалку популарни се фустаните и здолништата во споменатиот дезен.
Нам ни се чини дека овој тренд ќе се одрази и на плажа ова лето бидејќи, како што ни изгледа, најпопуларни костими за капење за летото 2024 година се токму оние со леопард принт.
Ја пребаравме актуелната понуда на костими за капење со животински принт и ги избравме најубавите за вас. Бидејќи сме во претсезона, веруваме дека на полиците на продавниците ќе пристигнат уште костими за капење со леопард принт.