Учествувај во најголемиот маскенбал Mask n Mall во Skopje City Mall

 
 
   

Кога станува збор за 1 април, веќе се знае каде е најголемата забава за големи и мали! Денот на шегата е познат по традиционалното дефиле на маски во „Скопје Сити Мол“ – најпосетениот маскенбал, каде секоја година огромен број на деца, но и возрасни доаѓаат да се фотографираат во обид да ја освојат титулата најуспешна маска.

И оваа година, традицијата продолжува, па така големото дефиле на маски ќе се одвива на 1 април од 12:00 до 21:00 часот. Катчето за фотографирање ќе биде поставено на 2 кат пред Просветно дело.

Сите фотографии тековно ќе бидат објавувани на Фејсбук страницата на Скопје Сити Мол и за фотографиите со најмногу лајкови следат вредни подароци. Гласањето ќе трае на 1 и 2 април, додека на 3 април ќе бидат објавени најдобрите.

Прво место – вредносен ваучер 15.000 денари

Второ место – вредносен ваучер 9.000 денари

Трето место – вредносен ваучер 6.000 денари

Како новина годинава, предвидуваме и посебна категорија за најдобра групна маска, каде секој од учесниците ќе добие вредосен ваучер од 3.000 ден, па ве охрабруваме да се препуштете на своите најинтересни идеи и замисли за маскирање

Новото и возбудливо во целата првоаприлска приказна е викенд подготвувањето за големиот маскенбал.

За време на викендот 30 и 31 март, во периодот од 11:00 до 15:00 часот се подготвени се забавни и интерактивни работилници за најмалите. Дечињата ќе имаат можност да си ја изработат својата маска во предвиденото катче за изработка на маски, лоцирано на 2 кат, пред Синеплекс. Целта е да се разбуди креативноста и моторните вештини дури и кај најмалите, а загарантирано е и добро дружење и многу насмевки.

Но, што ако немавте време да ги маскирате вашите дечиња?

Скопје Сити Мол мисли на сите! На 1 април од 17:30 до 19:30 часот ќе биде организирано цртање на ликот од страна на професионални артисти за сите дечиња кои не успеале да се маскираат или пак сакаат да  се видат и во уште едно маскирано издание. Посетете го нашето катче за маскирање, поставено на 2 кат пред Синеплекс.

Најважно е сите посетители да си го поминат денот радосно и никој да биде изоставен од забавата. Денови исполнети со шеги, смеа и возбуда ве очекуваат во вашиот омилен Скопје Сити Мол.

Учествувај во најголемиот маскенбал во Skopje City Mall. Како и секоја година, и оваа Скопје Сити Мол ќе го одбележи Денот на шегата со избор за најубава маска и многу дуруги забавни активности.

На 1 април, на вториот кат, кај Просветно Дело, ќе биде поставен фото корнер каде што сите маскирани ќе имаат можност да се фотографираат од 12:00 до 21:00 часот, а фотографиите ќе бидат објавувани низ текот на целиот ден на официјалната фејсбук страна. Колку порано дојдете толку порано ќе ве објавиме 🙂

 Фејсбук фановите ќе можат да гласаат со лајкување на фотографиите, a најлајкуваните фотографии ќе вредни парични награди.

1 место – 15.000 ден.

2 место – 9.000 ден.

3 место – 6.000 ден.

Воедно, ќе се додели и награда за најдобра групна маска, за групи од 4 до 8 лица, каде секој од учесниците во победничката групна маска ќе добие 3.000 ден.

Гласањето ќе трае до 2ри Април 22 часот.

Mask’n’Мall е традиционален настан со кој Skopje City Mall го одбележува Светскиот ден на шегата. Идејата е покрај забавата под маски која е подеднакво интересна и за децата и за возрасните, посетителите да имаат можност да добијат и вредни награди за својата креативност. Ги повикуваме сите да го искористат викендот и да дојдат со своите семејства да се забавуваат, да ги покажат своите интересни костуми и да уживаат.

1

Регистрирај се на инфопултот за регистрација со пополнување на формулар.

2

Фотографирај се пред нашиот објектив

3

Фотографиите ќе бидат објавувани низ текот на целиот ден на Facecebook.com/skopjecitymall

4

На 03 април наутро фотографијата со најмногу лајкови ќе биде прогласена за победник и ќе освои вредносен ваучер во износ од 15.000 денари, следната фотографија со најмногу лајкови ќе освои 9.000 денари, а третата фотографија со најмногу лајкови ќе освои 6.000 денари.

Членовите од групната маска со најмногу лајкови на фотографијата ќе добијат по 3.000 денари, секој од нив поединечно.

5

Организаторот може да дисквалификува некој од учесниците доколку се служи со не-етички алатки за да влијае на крајниот резултат

6

Фото-натпреварот е од отворен карактер, може да учествуваат сите посетители но само со 1 фотографија. Во посебна категорија влегуваат и групни маски.

| 1 АПРИЛ | 12:00 – 21:00 | II КАТ пред Просветно Дело |

* Кампањата е од забавен карактер, Skopje City Mall во секое време од објективни причини може да го прекине конкурсот


 
 
   
Translate in English»