
Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор?
Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде уникатна програма за рекреативци и идни љубители на трачањето со цел да им даде дополнителна инспирација и причина конечно да истраат во својата одлука.
„Skopje City Running Club“ е бесплатна програма за трчање која е наменета за почетници во трчање, кои се уште не ја пробале оваа рекреативно-атлетска дисциплина, но и за напредни трчачи кои практикуваат некои од рекреативните спортови или имаат трки со трчање од 5, 10 километри, дури и полумаратон, но со свое темпо. „Skopje City Running Club“ е тука да од нив направи активни трчачи!
Да го видиме месечниот распоред за месец Април
– 8 април (сабота) , тренинг, 10ч.
– 9 април (недела), тренинг, 18ч.
– 12 април (среда), тренинг, 18ч.
– 14 април (петок – неработен ден), ТРКА, 8.30ч.
– 16 април (недела), тренинг 10ч.
– 17 април (понеделник – неработен ден), тренинг, 10ч.
– 19 април (среда), тренинг 18ч
– 22 април (сабота ), тренинг 10ч.
– 24 април (понеделник) тренинг, 18ч.
– 26 април (среда) тренинг 18ч.
– 27 април (четврток) – НАСТАН едукација/мотивација или слично 18ч.
Ве очекуваме!
