Оваа пролет повторно носиме цветни дезени!
Модната куќа МОНА со својата кампања постави нови трендови – во секоја смисла.
MONA си поигра не само со најновата технологија на вештачка интелигенција за да ја претстави новата колекција за сезоната пролет/лето 24 на малку поинаков начин, туку и со култниот цитат кој го изговори Миранда Пристли (Ѓаволот носи Прада, 2006) со кој ја најави самата колекција на социјалните мрежи. Секако, тој детаљ ги воодушеви и љубителите на овој познат бренд.
Новата колекција на MONA се состои од фустани со големи цветни дезени кои во комбинација со впечатливи нијанси и елегантни крации, претставуваат парчиња кои дефинитивно ќе направат разлика во вашата гардероба и секојдневен стил оваа пролет. Тука се и сега препознатливите, модели на чевли со високи потпетици кои дури и со фармерки и бела кошула ќе изгледаат достојни за било која прилика, како и чанти со класичен дизајн, но со модерно лого на MONA.