Новите патики Adidas Sambae имаат подебел ѓон и се поудобни

 
 
   

Новата, поудобна верзија на патиките Adidas Samba ќе биде супер тренд во 2024 година.

Патиките Adidas Samba беа едни од најпопуларните патики во 2023 година. Ни се чини дека ќе бидат врвен хит и оваа година.

Иако се многу убави и тренди, сепак мораме да признаеме дека не беа најудобните патики кои сме ги носеле, но ни се чини дека Adidas стави крај и на тој проблем.

Имено, новите патики на брендот Adidas, Sambae, имаат идентичен изглед како обичните Samba патики, освен што имаат подебел ѓон што ги прави овие патики поудобни.


 
 
   
Translate in English»