Погледнете ја гламурозната колекција за вечерни забави на Zara

 
 
   

Кејт Мос е новото заштитно лице на брендот Zara.

Таканаречена Party capsule колекција, ќе ги направи летните забави погламурозни од кога било досега.

Колекцијата ‘Into the Night’ е инспирирана од ноќните излегувања во Париз, а воедно е и љубовно писмо до црвените килими, важните настани и сите оние креации кои се реплицираат со децении.

Значи, на кои парчиња треба да обрнете посебно внимание? Црниот корсет е безвременски и ќе изгледа подеднакво добро со панталоните од оваа колекција како и со опуштени фармерки.

Задолжителен е и црн фустан – облечете го со високи потпетици со кристали или облечете го преку бела маичка инспирирана од 90-тите.


 
 
   
Translate in English»