Полна вреќа празнични изненадувања во Скопје Сити Мол!

 
 
   

Веќе стана традиција новогодишната магија прво да пристигнува во најдоброто место за шопинг и забава во градот. Оваа празнична сезона Скопје Сити Мол повторно станува епицентар на новогодишната радост, со волшебни активности што ќе ги разубават празничните денови на сите генерации посетители. Понесени од слоганите „Jingle Mall the Way“ и „Секој од нас Дедо Мраз“, трговскиот центар се претвора во празнична бајка каде што секој агол крие новогодишна магија и празнична радост.

Посетете ја „Фабриката на Дедо Мраз“, каде што елфовите неуморно работат и каде што со секоја сметка од 1.500 денари добивате уникатен персонализиран новогодишен подарок. Тука оживува празничниот дух, потсетувајќи дека малите изненадувања причинуваат најголема радост.

Во центарот на магијата е и „Снежната топка“ – совршено место за оние што сакаат да го овековечат празничниот дух со фотографија што ќе го топли срцето во текот на целата година. А за оние што сакаат директно да ја споделат својата новогодишна желба, телефонската поставка „Ало Дедо Мраз“ ќе им овозможи да му ја кажат директно преку телефон на Дедо Мраз, кој со топол глас ќе ги сослуша и ќе ги чуе најискрените детски желби.

Во минатото традиционално се испраќаа честитки преку пошта. Празниците се време за соништа и искрени желби, а писмата и цртежите упатени до Дедо Мраз преку неговото поштенско сандаче е еден од најубавите начини да се испрати љубов, верба и надеж во Новата година. Оваа година сандачето на Дедо Мраз ве чека во Скопје Сити Мол.

Секој викенд празничниот дух оживува низ специјални настани, работилници и дружења што ќе го одржуваат магичниот ритам до најлудата ноќ. Мирисот на празничните колачи ќе го исполни воздухот на работилниците за украсување колачи, додека креативните раце ќе создаваат прекрасни новогодишни украси на работилницата за декорирање украси. Магијата продолжува секој викенд со „Читаме снежни бајки“, каде што секоја приказна е врата кон нов свет исполнет со љубов и празнична топлина.

Исто така, секоја сабота и недела наутро дојдете да видите што спремила за појадок Баба Мразица на „Појадокот со Дедо Мраз“, a елфастичните танц-изведби ќе направат и вие да танцувате во празничниот ритам.

И не заборавајте да посетите некоја од претставите на Сити театар, кои продолжуваат секоја недела и во декември. Со секој купен билет донирате за детска хуманитарна организација. Хуманитарна акција „Од дете за дете“, која трае цела година.

Се прашувате кога официјално започнува оваа новогодишна фиеста? На 3 декември, во 18:00 часот традиционално ќе светне елката пред главниот влез на Скопје Сити Мол и блеснувањето на светилките ќе означи дека празниците може да почнат.

Очекувајте полна вреќа изненадувања цел месец и не заборавајте дека и ти и јас, секој од нас е Дедо Мраз… А веќе знаете каде да најдете сѐ што сакаат вашите најблиски, нели? Скопје Сити Мол, сѐ што сакам


 
 
   
Translate in English»