На 03.12, Скопје за момент стана новогодишна сцена – на небото се појави огромен балон на топол воздух, а во него, Дедо Мраз! Во моментот кога светлата на нашата новогодишна елка се запалија, посетителите беа изненадени од спектакуларниот поглед кој ги дочека на кровот на молот. Атмосферата беше како од филм: светилки, музика, празничен дух и многу возбуда.

Со вчерашното слетување на балонот и пристигнувањето на Дедо Мраз, официјално започна и можноста за незаборавно празнично искуство за најсреќните посетители на Skopje City Mall.
Сите кои до 26.12 направат сметка над 500 денари во било која од нашите продавници, автоматски учествуваат во новогодишниот giveaway. Пополнете кратка форма на брендираниот пулт кај главниот влез и станете дел од програмата за лојалност. Најсреќните добитници ќе се издигнат неколку метри над кровот на молот, заедно со Дедо Мраз, и ќе уживаат во панорамскиот поглед кон празничното Скопје!
Празничната програма во Skopje City Mall продолжува низ целиот месец декември со: ✨ City театар – новогодишни претстави ✨ Појадок со Дедо Мраз ✨ Матине забави ✨ Читање новогодишни сказни ✨ Детски креативни работилници ✨ Работилници за возрасни за изработка на новогодишни венци ✨ Саем на книга и новогодишен базар ✨ Хуманитарни настани ✨ Портрети на посетителите нацртани од роботска рака
А најголемите празнични моменти нè очекуваат на 20.12 и 27.12 – две големи rooftop дружби со повторно полетување на балонот за најсреќните добитници и целодневна програма полна со радост и магија.
Следете ги сите новости за програмата низ целиот месец на нашите социјални мрежи и доживејте ја магијата на празниците со нас!
