Прошетајте низ островот на забавата во Skopje City Mall!

 
 
   

Skopje City Mall со големиот Late Night Shopping ја започна сезоната на летните попусти и намалениja. Па во перидот што следи покрај што ќе уживаат посетителите во шопинг со намалени цени, дополнително до 20-ти август ќе биде остров на забава со пријатна клима и амбиент. Избегајте од летните горештини и уживајте во купување на попуст, учествувајте во игрите и бидете дел од интересните активности кои што ги подготви Skopje City Mall за ова лето а ќе ги објавува на нивните социјални медиуми.

Низ трговскиот центар се поставени специјално дизајнирани корнери кои ги отсликуваат 4-те најпознатите светски острови, декорирани со за нив карактеристични елементи. Хавајскиот остров претставува класичен “Aloha Hawaiian Party” исполнет со песок, маса со детали, маски, палми, укулеле гитара и хавајски венци од цвеќе. Со Virgin Islands, попознати и како пиратски острови, се доловува како изгледа една мала пиратска забава, со песок, ковчег, пиратско знаме, бродско тркало, палми и папагал. Во катчето посветено на Мексико, е претставен мексиканскиот остров Козумел, украсен со песок, маријачи гитара, пончо, сомбреро шешири, текила, палми и кактуси, начос и кастањети. Skopje City Mall ја доближи и Куба преку сламена колиба, пури во cigar bar и кубанско кафе, мохито коктел, кубански шапки и гитара и сл.

Skopje City Mall подготви и специјална игра со над 500 подароци како таблет, дрон, велосипед, тротинет, месечна карта за базен Полет (Олимписки базен), 2 х неделни карти за базен Полет, топки за плажа, душек за вода, 2 х кино карти за филм во Cineplexx, како и боулинг ваучер за една игра. Правилата за играта може да се пронајдат на www.skopjecitymall.mk/summermall .

Можете да учествувате во играта на нашиот тотем кој е поставен кај инфо пултот во Скопје Сити Мол од страната на ул. Манапо или тука на оваа страна подоле.

Skopje City Mall ги повикува сите кои се подготвуваат за летото да дојдат во трговскиот центар и да уживаат во забава и шопинг на попуст, а воедно и да ја почувствуваат магијата на најпосакуваните летни дестинации на едно место.


 
 
   
Translate in English»