Костимот за капење е задолжително парче за одење на плажа, но тоа не значи дека не треба да обрнувате внимание на облеката што ќе ја носите со костимот за капење.
Значи, ако барате идеи за облекување на плажа, вие сте на вистинското место.
За на плажа, бараме облека која не е премногу формална, но е елегантна, пријатна и ни пружа удобност.
Во галеријата ќе ви покажеме 7 идеи кои ќе ги носите на море и ќе бидете модерни!
НОСЕТЕ ДОЛГО ТРАНСПАРЕНТНО КИМОНО НА ПЛАЖА
Кул и стилска облека која ќе ја носите преку костимот за капење е проsирно кимоно. Ако носите само кимоно, ќе изгледате импресивно и луксузно. Ако сакате некои дополнителни детали можете да ставите ремен или торба околу половината!
ДОЛГА КОШУЛА ОРЕКУ КОСТИМОТ ЗА КАПЕЊЕ
Одличен избор за на плажа е долга кошула или кошула-фустан. Лесно се облекува и соблекува, а во исто време делува воздушесто и пријатно. Кошулата можете да ја префрлите преку рамената додека одите покрај плажата за да избегнете изгореници на рамената.
ПЛЕТЕНА БЛУЗА ЗА МОДЕРЕН ИЗГЛЕД
Многу модерен предлог е плетена блуза или фустан со дупки. Овој стил ќе ви даде егзотичен и уникатен изглед.
ТРАНСПАРЕНТНО ЗДОЛНИШТЕ НА ПЛАЖА ЗА ИМПРЕСИВЕН ИЗГЛЕД
Доколку сакате да бидете секси и импресивни на плажа или во бар на плажа, дефинитивно треба да пробате со проsирно здолниште. Макси здолниште во црна или бела боја е многу модерен избор кој ќе ве истакне!
ЛЕТЕН КАФТАН
Секако, имаме и кафтани како опција. Тие често се украсени со реси, ленти и имаат убави проsирни ракави, кои ви даваат исклучителен летен изглед. Тие се сигурен избор кој можете да го збогатите со неколку златни или сребрени додатоци, како и други модни додатоци како што се ремен, шапка и торба!
НАД КОСТИМОТ ЗА КАПЕЊЕ ОБЛЕЧЕТЕ МИНИ КОМБИНЕЗОН
Многу лесна облека за вашите прошетки на море се комбинезоните. Тие се совршен избор затоа што ги носите преку костимот за капење без потреба од друга блуза или што било друго.
ЛЕНЕН ШОРЦ И КОШУЛА ЗА ПЛАЖА
Во нашата листа не можевме да ја пропуштиме летната ткаенина: лен. Комплет од лен со шорцеви и кошула е совршен избор за едноставна, но стилска облека на плажа.