Тренд: Практични кимона за град и плажа!

 
 
   

Најпрактичното парче на летната гардероба е лесно кимоно кое може да ве придружува насекаде.

Кимоното се врати во нашите животи минатата година за време на карантинот, додека баравме удобни парчиња за да изгледаме модерно и дома.

Овој предмет може да се носи со иста леснотија како и блејзерите за време на летните ноќи преку тенките (slip) фустани.

Ако го врземе со ремен, се претвора во фустан кој одговара на сите наши рамни сандали и секако може да се носи на плажа преку костимот за капење.

За летото 2021 година, јакните и блејзерите ги заменуваме со проsирни кимона со печатени или монохроматски модели, а гардеробата ја опремуваме со навистина флексибилно парче кое честопати ќе ни даде решение за сите наши дилеми во стилот.

Моментално ги вклучуваме во секојдневните комбинации на облека и ги носиме со фармерки или ги комбинираме со дезенирани панталони за mix & match изглед, сè додека не станат составен дел од изгледот на плажа.

 


 
 
   
Translate in English»